Жо Волфред Цонга е првата голема жртва на машкиот дел од Францускиот тениски Гренд Слем. Моментно 11-тиот, а некогаш петти светски играч загуби од анонимниот Ренцо Оливо од Аргентина со 3-1 во сетови. Секогаш атрактивниот Французин, практично, не успеа во намерата да го сврти продолжението од мечот кој започна вчера, а кој до прекинот поради мрак донесе голема предност од 2-0 во сетови за 91. тенисер според АТП листата.

Во денешниот дел од мечот, Цонга намали на 2-1, но веднаш потоа загуби уште еден сет што претставува најголемо изненадување до сега на Гренд Слемот во конкуренција на мажи. Претходно уште првиот ден испадна и првата носителка кај девојките Анжелик Кербер.

SHARE