Фудбалерите на Силекс го победија Вардар во Скопје со 3-2 што и овозможи на водечката Шкендија да побегне на, делува, недостижни 14 бодови предност на врвот од табелата во нашата Прва лига. Работата на кратовци при гостувањето во главниот град беше олеснета со одлуката на првакот да настапи со младински тим како револт на нереагирањето на ФФМ на спорната ситуација од минатата рунда кога Шкендија одигра без задолжителниот играч под 21 година, што е обврска, а за што не беше санкционирана.

Прва фудбалски лига-22 коло

Сабота:
Шкендија- Победа 3-0
Недела:
Шкупи- Работнички 1-1
А. Пандев- Ренова 1-1
Пелистер- Скопје 0-0
Вардар- Силекс 2-3

Табела:
Шкендија 66
Вардар 42
Силекс 35