Менаџерите на големите туристичките комплекси и претставниците на малите сопственици, на локали и објекти за ноќевање, во соработка со Туристичкиот сојуз на Црна Гора донесоа заклучок за менување на курсот туристичката политика за следното лето. Тој треба повеќе да наликува на оној што долго го практикуваат Грција и Турција, што вели дека ќе биде ставен акцент на пред сезоната и на периодот во септември и октомври. За таа цел, сите страни на состанок одржан деновиве во Подгорица, се договориле за корекција на цените.

Црна Гора има прекратка сезона, заклучиле туристичките работници, а тоа да се промени во перспектива ќе мора да се отворат објектите порано, а патем да се нудат по далеку пониски цени од тие што важат во седмиот и осмиот месец во годината. Со тоа, на подолги патеки, сметаат предлагачите на идејата, ќе се обезбеди, пренасочување на традиционалните туристи. Ова најмногу се однесува на Руските, но и на тие од поранешна Југославија, и на нивниот престој на црногорското приморје кој, од два или три ќе се зголеми на период од шест месеци.

Во моментов се уште, не се знае како се, ќе се одвива, какви ќе бидат понудените цени во јуни, и каков ефект би имал целиот план долгорочно, но факт е дека некои капацитети веќе ги објавија промените. Така ноќевањето на Свети Стефан кое вообичаено чини од 1200 до 2000 евра, на есен ќе биде со намалена цена и ќе се движи од 600 до 1500 евра по ноќ.

 

SHARE