Чавков и Мукоски остануваат меѓу „опасните“

Скопскиот Апелациски суд им го продолжи притворот на 13 лица осомничени за насилството од 27 април минатата година.

Меѓу оние на кои им е продолжен притворот е и ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, потоа лица вработени во Агенцијата за разузнавање, но и од кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

За разлика од нив, од Шутка во домашен притвор се префрлени актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, активистот Богдан Илиевски ака Бетмен велит, како и пратеникот Љубен Арнаудов и осомничените Јане Ченто, Оливер Радулов и Иван Цветановски.