Актерот  Чарли Шин (51) на крајот на 2015. година призна дека е ХИВ позитивен. Холивудски заводник може да се пофали дека спиел со повеќе од 3.000 жени, а една од нив сега го тужи.

“Имавме секс без заштита, а тој не кажа дека е ХИВ позитивен”, вели неименуван русинки модел. Таа додава дека тие кратко имале врска, но подоцна тој и признал дека е носител на вирусот и побарал од неа да пие таблети. Не е познат износот на парите што ги побарува Русинката на име направена штета и страв, а не е објавено ни дали таа се заразила.


Чарли Шин во моментов е во врска со дадилката на неговите деца Јулија Стемблер (26), а таа работи како модел за бикини, но и како дадилка на близнаци Боб и Макс (8).

Шин неодамна изјави дека со новите лекови кои ги добива повторно живее квалитетен живот и затоа е многу среќно.

SHARE