Loading...

Ова е веројатно најинтересниот, највозбудливиот од 4 дена предвидени за реванш осминафинале во друштвото на прваците бидејќи само вечерва има неизвесност околу патниците во двете соочувања.

На Олд Трафорд Манчестер Јунајтед и Севиља во возвратните 90 минути влегуваат со 0-0 и со долг кон своите навивачи зошто „препосветени“ на тактиката пред три недели на Санчес Писхуан го одиграа најлошиот од сите 8 меча во првиот круг во Лигата на шампионите. Впрочем само на него на воведот немаше голови. Многумина претпоставуваат дека и сега нема да биде поинаку зошто тоа се филозофиите на Жозе Мурињо и на Винченцо Монтела иако влогот е преголем за двата клуба, па можно е и отворање со цел постигнување гол.

Во другиот двобој Рома дома „брка“ незгодни 2-1 за Шахтјор особено ако се знае дека во финишот на февруари во Харкив и Италијанците можеа до нерешено, па и до победа, но и Украинците до два разлика кои ќе беа уште посложени за „Волчицата“. Бројот на шанси и удари кон головите на противникот од првото соочување навестуваат дека на Олимпико може да бидеме сведоци на голеада, но нема повалидни претпоставки кој ќе мине во четвртфиналето.

Двете средби се од 20.45, по што утре овој круг завршува со мегданите на Барселона и Челзи (1-1) и на Бешикташ со Баерн Минхен (0-5).