Беќир Асани, претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, денеска нападнал полицајка на должност, поради што бил повикан на распит во полициската станица во Бит Пазар да даде изјава.

Инцидентот настанал во момент кога неговото возило било однесено од „Пајак службата“ најверојатно затоа што било непрописно паркирано кај крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“.

Асани, како што се дознава, вербално ја нападнал полицајката, но се однесувал и агресивно поради што биле повикани други полициски службеници.