Четирите пораки од ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за спикерот на парламентот Талат Џафери поради денешното незаконско изгласување на Законот за јазиците најави вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

„Не е погазено само правото, ваковиот чекор на носење на противуставен закон  е флагрантно кршење на законот и удар и врз соживотот“ рече Мицкоски и изнсе сомневање дека некој намерно „не втурнува во меѓуетнички судир.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште додаде дека Законот ќе биде проследен до Уставниот суд за да се утврди неговата неуставност.

Мицкоски рече дека опозициската партија во овој момент нема намера да го напушти собранието и дека ќе ги поддржи реформските заони кои им се потребни на граѓанитеи кои се добри за просперитетот на државата.