Овогодинешната церемонија на Американската филмска академија ќе биде посветена на кариерата на сценаристот и режисер Чарлс Барнет, снимателот Овен Розмајн, актерот Доналд Сатерленд и на режисерот на Агнес Варда. Сите четворица ќе ја добијат статуетката „Оскар на честа“.
Претседателот на Академијата Џон Бејли, добитниците на почесниот Оскар, ги нарече „вистински претставници на филмот“. Ниту еден од нив досега не освоил ваква награда иако Розмајн беше номиниран дури пет пати.
Добитниците на oскарите се избираат од Одборот на директори на Академијата, кој има 54 членови.

„Ова се нашите награди. Тоа се луѓето што сакаме да ги наградиме“, рече Бејли.

Агнес Варда (89) е меѓу пионерите на францускиот бран. Првиот филм го режирал уште во 1956 година и, како што вели, неговата кариера започнала со желба да се прават „радикални филмови“.

Доналд Сатерленд (82) има снимено повеќе од 140 филмови за време на неговата долга кариера која трае преку 50 години. Меѓу најпознатите дела во кои учествувал се „Келиевите херои“, „Дванаесеттемина жигосани“, „МЕШ“ и серијата „Игри на гладта“. Тој никогаш не бил номиниран за оскар.

Чарлс Барнет (73) е независен филмски советник и својата кариера главно ја посветил на приказната за црнците, која во Холивуд, во голема мера, се избегнува.

„Едвај чекате да заврши целата работа, за да бидете сигурни дека тоа е реално, и дека не е сон“, изјави тој за наградата.

Овен Розмајн досега пет пати беше номиниран за најпосакуваната филмска статуетка и тоа за филмовите „Француска врска“, „Егзорцист“, „Мрежа“, „Тутси“ и „Вајат Ерп“. Последниот филм на кој работеше беше „Францускиот бакнеж“ во 1995 година.

Оставете коментар