Ова е печен чизкејк, можете да ставите овошје во смесата за чизкејк пред да ја испечете или пак да експериментирате со вкусовите. За овој рецепт одлично одговараат и вкусови на цитрусово овошје како што се лимонот или зелениот лимон.


Состојки
– 85 грама чоколадни бисквити
-50 грама стопен путер
-300 грама крем сирење
-1 супена лажица обично брашно
-90 грама фин ситен шеќер
-2 капки екстракт од ванила
-1 јајце и една жолчка
-70 милилитри кисела павлака
-малини
-дополнителен шеќер и вода за преливот
Подготовка:
Убаво замотајте ги чоколадните бисквити во целофан и издробете ги со сукалка. Ова можете да го направите и во кујнски апарат, но тогаш ќе имате повеќе за чистење и дефинитивно не е толку забавно!
Убаво измешајте ги дробените чоколадни бисквити и стопениот путер и потрудете се двата елемента да бидат целосно споени. Рамномерно распоредете ја смесата врз основата и ставете ја кратко време во фрижидер да се излади.
А сега да го направиме делот со сирењето – полесно не може да биде! Измешајте го крем сирењето со брашното, шеќерот, екстрактот од ванила, јајцето и жолчката од јајце, и киселата павлака. Мешајте неколку минути додека смесата да стане лесна и пенеста.


Сипете ја смесата врз основата од бисквити и рамномерно распоредете ја. Потоа ставете ја да се пече 30 минути во рерна загреана на 180 степени. Ако имате рерна со вентилатор, подесете ја температурата на 160 степени.

SHARE