Чичаковски донираше 4 плати на „Полио Плус“

260.000 денари уплатил Александар Чичаковски на сметката на невладината организација „Полио Плус“.

Претседателот на Државната изборна комисија, ги донирал парите на невладината организација кои му биле исплатени како надоместок за локалните избори како претседател на ДИК, пренесе „Плусинфо“.

Парите, односно четирите плати, треба да им помогнат на лицата со посебни потреби полесно да го остварат своето избирачко право, објаснил Чичаковски.

Оставете коментар