Членови од многу партии, граѓани од многу градови на митингот пред Собранието

Иако најголемата опозициска партија во земјата, ВМРО-ДПМНЕ, се огради од организацијата и не дава поддршка за протестите за заштита на името, државата и идентитетот, вечерва пред Собрание на Република Македонија можат да се видат многу познати ликови од оваа партија, но и од другите, чии партиски централи или го осудија или се оградија од собирот.

На собирот забележливо е присуството и на многу познати личности од јавниот живот.

Маршот за одбрана на името на Република Македонија почна од пред Мисијата на ЕУ, од каде десетина илјади граѓани на Скопје, но и од други градови, се упатија до Собранието.