Човечкиот Кен може да умре но не се откажува

Бразилецот Родриго Алвес познат како „Човечката кукла Кен“ кој досега има над 150 пластични операции се подготвува за најризичнта интервенција која може да му го скрати животот. Откако потрошил стотици  илјади евра за да личи на партнерот на куклата Барби Алвес сега ќе плати 10 илјади евра за да ги оперира очните јаболчници. Лекарите сметаат дека може да го загуби видот но Алвес инсистира на операцијата. 

Минатата година на Алвес му била дијагоностицирана некроза односно одумирање на клетките поради пластичните операции а пред 4 години едвај извлекол жива глава по операција на бицепс на десната рака откако хемикалиите потребни за интервенцијата влегле во крвотокот.