Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос изјави дека грчката Влада ја поддржува кандидатурата на Македонија за приклучување во Јадранско-јонската иницијатива.

Јоргос Катругалос, вчера испратил писмо до Хан и до комесарот за регионална политика, Корина Крету, со кое ги информира за намерата на Атина да ја поддржи кандидатурата на Македонија за пристапување во Стратегијата на ЕУ за Јадранскиот и Јонскиот регион (ЕУСАИР)

Тоа е еден од двата договори за добра волја постигнати меѓу Ципрас и премиерот Заев во Давос во јануари, јавува „Катимерини“.

Во Јадранско-јонската иницијатива веќе се вклучени Грција, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

Грчкиот парламент, исто така, се очекува да ја ратификува втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија со ЕУ, јавува „Катимерини“.