Во двата реванш дуела од европските баражи за настап на Светското првенство во Русија денеска немаше гол, а тоа целосно им конвенираше на Швајцарија која со 0-0 ја одбрани гостинската победа кај Северна Ирска и на Хрватска која за Грција отпатува со 4-1, а возвратната без погодоци им беше испраќање на мундијалот.
В понеделник е вториот меч на Италија и Шведска, а во Милано се тргнува со 1-0 за Викинзите, а во вторник Република Ирска и Данска на островот ќе продолжат со 0-0.

Оставете коментар