Швајцарците здрави речиси како Македонците!?

Според едно истражување, луѓето во Македонија се чувствуваат поздрави од оние во Швајцарија и во други 32 евроопски држави и дека според здобрата здравствена состојба Македонците се веднаш по Ирците и Кипарските Грци, а пред Швајцарците.

Истражувањето на Еуростат во 35 европски земји покажа дека 77,7 отсто од жителите на Швајцарија, на возраст над 16 години, ја оценуваат сопствената здравствена состојба како добра или многу добра.

Така алпската нација се рангираше на четвртото место – по Ирска, Кипар и Македонија – меѓу оние кои го категоризираат нивниот здравствен статус како „добар или многу добар” во истражувањето на Еуростат, објавено во четвртокот. Просекот во Европската унија изнесува 67,5 отсто.

Само 4,5 од испитаниците во Швајцарија го оцениле своето здравје како лошо или многу лошо

Литванците, Летоците и Португалците се на дното на листата: само 43 до 48 проценти од нив се чувствуваат добро или многу добро.

Според Светската здравствена организација, просечниот животен век во Швајцарија изнесува 83,4 години. Швајцарците живеат најдолго – 81,3 години, додека Швајцарките доаѓаат на шесто место на глобално ниво со 85,3 години.

Оставете Коментар