Шверц со дрога во Албанија? Нема шанси, вели Еди Рама

Извештајот на ОН кој ја става Албанија во првите редови на употребата на кокаин по глава на жител во светот е идиотски, изјавил синоќа во интервју за албанаската ТВ, премиерот Еди Рама.

Иако количеството дрогата запленета во последниот месец забележа рекорди износи, премиерот Рама негираше дека е големениот криминалот и трговијата со дрога во Албанија.

Нема шанса Албанија да биде земја во која се сади канабис, тврди Рама, како што пренесува Exit.al. Според албанскиот премиер „во 2017 година канабисот беше избришан од мапата на Албанија и садењето e еминимално“.

Во интервјуто Рама уште додал дека во Албанија постои организиран криминал, но не и мафија.