Шекеринска: Обид за убиство не е учество во толпа

Потпретседателката на СДСМ и пратеник Радмила Шеќеринска денеска даде исказ во пред Основното Јавно обвинителството за насилствата на 27 април. Таа пред медиумите повтори дека двапати била нападната од двајца луѓе кои што не ги познава лично.

“Едниот од насилниците ме удри директно во глава и не знаев на кој начин таа повреда ќе се одрази, дали ќе можам да стојам на нозе, дали ќе можам да одам, дали ќе можам да ја напуштам просторијата, дури потоа вториот насилник ме повлече за коса со желба да ме удри на земја и да ме сруши. Овие настани, мислам дека долго време ќе останат во нас како потсетување што се може да се случи кога насилници нема да сакаат да ја предадат власта. Пораката која сакам и денеска да ја упатам до Јавното обвинителство на Република Македонија е дека е неприфатливо кога група на насилници напаѓаат на нашиот живот, здравје, егзистенција, не само како пратеници, пред се како граѓани на оваа држава. Кога не напаѓаат со тешки предмети, кога не напаѓаат со цел да не убијат, не може единственото дело за кое ќе се процесуираат, да биде Учество во толпа“, изјави Шеќеринска.

Потпретседателката на СДСМ денеска изјави дека може да ги идентификува напаѓачите од кои еден се можел да и го одземе животот со употреба на телевизиски статив.

SHARE