Шест години македонски весник „Илинден“ во Албанија

Пред шест години, како двоброј за фебруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник “Илинден” весник на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и кај Mакедонската дијаспора ширум светот, а судејќи според бројните дописи и реакции на електронската пошта на Редакцијата,  на весникот „Илинден“ прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен не само за  македонско национално малцинство во Република Албанија, туку и светот.

„Мисијата на весникот е да го негува и поттикнува македонскиот идентитет во Република Албанија“, вели главниот уредник на „Илинде“ Никола Ѓурѓај.

Сакаме да веруваме, продолжува тој, дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците ширум светот. Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот, а пред се на бројната читателска публика, која препозна сериозност кој успеја да ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија