Шест од десет Грци против решение со терминот „Македонија“

Loading...

Јавноста во Грција е генерално позитивно расположена за продолжување на преговорите за името на „Скопје“, но негативно е расположена кон прифаќање на терминот  „Македонија“ во идното име на северниот сосед покажува анкетата спроведена од „KAPA Research“ по порачка од грчката „Алфа“

Попрецизно, на прашањето дали Грција треба да продолжи преговара со владата во Скопје, 67,5 од испитаницие одговориле позитивно, доека 30,5 отсто изјавиле дека треба да прекинат прегодоворите.
Меѓутоа, на прашањето дали овие преговори ќе доведат до договор, 53,4 искажаа песимизам, 35,9 отсто се оптимисти додека 10,7 отсто ненаат јасен став.

Запрашани какво би требало да изгледа решението за името, мнозинството се спротивставува на договор кој го вклучува терминот Македонија, со тоа што 56,5 отсто отфрлаат такво решение, додека 38,5 отсто се за сложено име, а само 4 проценти би прифатлиле било какво решение .

Дури 56,5 отсто од анкетираните се и против име Горна Македонија без превод,, 40 би прифатиле такво имe за северниот сосед ,а само 3,5 не знаат или не одговориле.

 

Анкетираните во голем број имаат позитивно мислење за одржување на митинзи поврзани со прашањето и преговорите околу името, при што 52,5 се согласуваат со такви настани, 27,7 се против, а 19,2 од анкетираните немаат став за ова.

Грците, исто така, се чини , немаат многу пријателски став кон тоа како владата се справува со прашањето за името –  64,1 отсто не се согласуваат водека двојно помалку или 31,6 отсто ја оценуваат позитивно политикатана владатѕа кон ова прашање.

Истото важи и за прашањето за улогата на министерот за надворешни работи, Никос Котиас, околу преговарите со Македонија: 63 отсто од анкетираните имаат  негативен став, 31,5 позитивно ја оценуваат неговата улога а 5,5 проценти не знаат или не одговариле на прашањето.