Loading...

„Тоа што ги заменивме партиските послушници на ДПМНЕ не значи дека е крај на светот“, изјави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов по обвинувањата дека се именувани над 100 партиски лица за членови во управни одбори во јавните претпријатија без да се објави нивната биографија, а дел од нив се партиски активисти на СДСМ.

Шилегов потврди дека има партиски кадри на СДСМ, но додаде дека се одбрани според нивната професионалност, пренесе ТВ21.

„Има и партиски кадри, меѓутоа не се исклучиво партиски кадри. Сепак довербата е дадена на друго политичко мнозинство и тоа политичко мнозинство треба да одговара за работата на јавните претпријатија и за општо на Град Скопје“, вели градоначалникот.