Шилегов: СДСМ е гарант за унитарноста на Македонија

„Се додека не се исцрпи можноста за доделување на мандатот за други опции не би сакале да дискутираме. Откако ќе биде доделен мандатот, владата ќе биде формирана што е можно поскоро. Персонални решенија за ресорите не се утврдени, одиме чекор по чекор, за нас е приоритет да го нормализираме политичкито живот ­ да се додели мандатот па да се разговара за состав на владата“, изјави вчерва портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Во однос на гаранциите што Иванов ги бара за напуштање на Тиранската платформа за да го даде мандатот на Заев, Шилегов вели дека се согласиле да дадат гаранции иако тоа не стои ни во Устав ни во закони, туку затоа што во СДСМ сметаат дека на Р.М. и е потребно да се смени власта на мирен и демократски начин.

„СДСМ е гарантот за зачувување на унитарниот карактер на државата. Самата идеја дека некој во СДСМ помислил да го менува унитарниот карактер на државата е луда идеја. Заради тоа ја објавивме програмата на владата и ако ја погледнете, таа е гарант дека ќе се зацврсти унитарниот карактер на Р.М. Никој од политичките партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство не сака да го загрози Уставниот поредок и унитарниот карактер на државата“.

SHARE