Шкариќ: Владата да се ослободи од вицепремиерите

„Според Уставниот суд не постои функцијата потпретседател на Влада, бидејќи Уставот не ја предвидува“.

Владата може да има само претседател и министри сите други функции се неуставни и по аналогија на Уставниот суд не само што не можат да примаат плата (како потпретседатели)  туку не можат ниту да се претставуваат како потпретседатели и заменици на претседателот,  вели универзитетоскиот професор Светомир Шкариќ во изјава за НОВА откако Уставниот суд донесе одлука дека се унеуставни платите на петте потпретседатели на владата.

Професорот вели дека уште од 1990-те во своите учебници пишувал дека според Уставот, Владата ја сочинуваат претседател и министри и дека сите други функции – потпретседател или заменик-претседател се неуставни.

Според него би било коректно Владата да се ослободи од овие функции, пренесува НОВА.

Уставниот суд на Република Македонија констатирал дека функцијата потпретседател на Влада не постои во правниот поредок на Република Македонија и поради тоа е донесена одлука да се укине коефициентот со кој се пресметува платата на петте вицепремиери, Кочо Анѓушев, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика.

Вицепремиерите сега земаат по приближно 150 евра помала плата од премиерот Зоран Заев.

Платата на Османи, Лика, Шекеринска, Анѓушев и Спасовски изнесува 1.156 евра.

Во иднина, нивната плата ќе се пресметува по помал коефицинт отколку досега.