Младинскиот погон на скопските црвено црни засилен со неколкумина странци издржа едно полувреме во Тетово, но потоа Бесарт Ибраими со хет трик и Висар Муслиу го потопија Вардар со 4-0. Фудбалерите на Шкендија со вкупни 5-1 им се приклучија на Ренова, Пелистер и Акаденија Пандев во полу-финалето од Купот на Македонија. Ваквиот исход на реванш четврт-финалето не е изненадување по одлуката на скопјани да ги бојкотираат „игрите“ на ФФМ и да не одат на оваа средба со најдобриот состав.