Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун го повика на состанок на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Би-би-си.

Трамп на својот Твитер профил напишал дека го прифатил повикот.

Повикот за средба што треба да се одржи во мај, предизвика вистински шок, оценува Би Би Си, а поканата во Вашингтон дојде по дводневните разговори на американска со делегацијата на Северна Кореја во Пјонгјанг.

На разговорите меѓу двете делегации, на кои едно време присуствуваше и Ким Јонг-ун, тој изјавил дека е подготвен да се стави „вето“ на нуклеарното вооружување на неговата земја, ако добие доволно цврсти меѓународни гаранции дека нема да има закани против Северна Кореја.

Трамп на Твитер ја прифати поканата на Ким Јонг Ил, но тој е веќе во следната порака потсети дека тоа е „сјајно“, но дека санкциите на САД наметнати на Северна Кореја остануваат се додека не се стави на хартија с’е што Ким Јонг Ун најави.

Досега ниту еден претседател на САД не се сретнал со некој од лидерите на Северна Кореја, двете земји немаат дипломатски односи, а никогаш до сега немало толкава размена на навреди како што тоа го правеа Ким Јонг-ун и Доналд Трамп.