Ви преставуваме основен рецепт за шпагети во доматен сос, ќе видете дека ви се потребни само неколку состојќи и малку време за подготовка.

Овој е рецепт е за сите оние кои ги сакаат шпагетите, сакаат едноставна, здрава и брза храна.

Потребни состојќи:

500 грама шпагети,

200 милилитри доматен сос,

2 помали домати,

2 чешниња лук,

3 лажици маслиново масло,

неколку ливчиња босилек, пармезан за наросување.

Постапка за подготвување: Ставете ја водата за шпагетите да зоврие. Потоа додадете ги шпагетите во зовриена вода во која е додадена една лажица сол и варете ги според упатството на паковката. Подгответе ги доматите, отстранете им ја лушпата и семките. Ставете маслиново масло во тавата и пред да ја вклучите ринглата, додадете ситно исечкан лук. Пржете на лук на средна температура кратко време. Кога ќе почне да мириса, додадете ги исечканите домати и доматен сос. Мешајте, додадете малку сол и поклопете со капак. Бидете во близина и мешајте го сосот на секои две минути. Кога ќе нестане водата која ја испуштил доматот, мешајте уште 5 минути, додадете црна пипер, свеж босилек и исклучете го огнот. Тогаш и шпагетите ќе бидат готови. Процедете ги шпагетите, ставете ги во подготвен сад и прелејте ги со доматниот сос и наросете со пармезан.

SHARE