Loading...

Шпанскиот премиер Маријано Рахој размислува да избегне учество на самитот меѓу Европската унија и Западен Балкан, кој ќе се одржи до средината на мај во Софија. Тој не сака да биде на исто место и да се фотографира со косовскиот претседател Хашим Тачи кој ќе го претставува Косово на овој самит, објавува шпанскиот „Ел Паис“.

Според шпанскиот весник, Рахој се плаши дека потенцијалната слика со него и Тачи во истата рамка ќе го користат сепаратистичките водачи на Каталонија како оправдување за нивната причина за независност.

Шпанија е една од петте земји-членки на ЕУ која не ја призна независноста на Косово. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, се очекува да го посети Мадрид во петокот, во обид да го убеди Рахој да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, со цел да го поддржи патот кон ЕУ на Балканот.

Лидерите на Словачка, Романија, Грција и Кипар, земјите кои исто така не ја признаа независноста на Косово, се очекува да присуствуваат на самитот.

Дипломатски извори за „Ел Паис“ изјавија дека ЕУ бара модалитети за да овозможи Шпанија да учествува.

Една од опциите, според шпанскиот весник, да нема косовско знаме на настанот.

1 Коментар

Comments are closed.