Штајнмаер ЕУ ја моли, не игнорирајте го Балканот може да боли

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја повика Европа да остане посветена на Западниот Балкан и покрај многубројните проблеми со кои се соочува регионот. Шајнмаер рече дека тоа што се случува, но и тоа што не се случува во регионот „нè загрижува и ќе има влијание и на нас“.

Тој ова го кажа по Самитот на балканските лидери во Брдо кај Крањ во Словенија каде што вчера се сретна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателот на Албанија Бујар Нишани и членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ.

Во заедничкото соопштение по средбата, тие повикаа на продолжување на интеграциите во ЕУ, зајакнување на дијалогот и воздржување од „националистичка и потпалувачка реторика“.

Предходно српскиот претседател Вучиќ негираше дека во Брдо дошло до формирање на Српско – Македонски блок наспротив Албанско – Косовски и покрај јасната поделба и вербалните конфликти на средбата.

 

SHARE