Штипјани првпат на нозе против двојазичноста

Штип вечерва првпат се приклучи на листата македонски градови во кои се протестира против насилно изгласаниот Закон за употреба на јазиците, кој предвидува албанскиот да биде службен на целата територија на државата.

Повеќе од 400 граѓани учествуваа во протестниот марш од зградата на општината низ улиците во центрачното градско подрачје, изразувајќи незадоволство од наметнувањето двојазичност и во нивниот град.

Тие побараа од претседателот Ѓорге Иванов да опстои на сопствената најава дека нема да го потпише указот за стапување во сила на контроверзното законско решение „донесено“ на фамозната седница на македонското Собрание минатиот вторник.

(фото од објавата на „Заедно за подобар Штип“)