Вели дека со мајка му зборувал македонски, не му пречи име „Вардарска Македонија“ како име на земјата каде татко му бил прв претседател по осамостојувањето и е убеден дека „ за внатрешни потреби“ било потребно Република Македонија да го смени уставот.

Професорот на Институтот за меѓународни економски студии во Виена, Владимир Глигоров, запрашан во врска со Уставот на Република Македонија и грчките инсистирања за негова промена деновиве во интервју за грчкиот „Прототема“ изјави дека „треба да се ревидира поради внатрешни причини, но и за приближување кон Европската унија, со што би се решиле и прашањата покренати од страна на Грција“, пренесе весникот.

„Кавгата за Александар Велики, е срам“, вели Владимир Глигоров кој укажа на посебниот идентитет и јазикот на Македонците.

Глигоров смета дека „прашањето за името може да се реши политички достоинствено“ и рече дека премиеритеа Алексис Ципрас и Заев се „модерни политичари нов вид на кои сакаат гладаат напред“.

На социјалните мрежи вчера беше лиферувано Си-Ви-то на Владимир Глигоров во кое стои дека тој по „nationality“ (нешто што денес некои се обидуват да го изедначат со државјансво) се чувствува Австриец и дека мајчин јазик му е –српско-хрватскиот.

Лани во октомври, Владимир Глигоров, син на покојниот прв претседател на Македонија Киро Глигоров во интервју за бугарски весник изјави дека нема проблем Македонија да ги прифати имињата Вардарска Македонија или ФИРОМ како трајно решение во спорот со Грција.

Глигоров тогаш рече дека Вардарска Македонија или ФИРОМ се варијанти за решавање на спорот за името затоа што, ако во решението го има зборот Македонија – секоја варијанта е прифалива за неговата земја.

Според него Македонија треба да ја праша Грција со кое име сака таа да и се обраќа и тоа име да го прифати, дури и сегашното привремено име ФИРОМ за него е прифатливо да стане постојано, само за да се одмрзне процесот и Македонија да започне преговори со ЕУ.

За потпишаниот Договор за добрососедство со Бугарија, Глигоров вели дека за односите меѓу двете земји и двата народа тој е клучен:

„Многу е важно Бугарија да да разбере дека Македонија е Македонија, а дека Бугарија е Бугарија. Доколку тоа се постигне, тоа е голем чекор напред“.

Запрашан кои се неговите чувства кон Бугарија, Глигоров одговори дека неговата мајка (со која зборувал на македонски)  и баба биле родени таму. Тие, се разбира сега не се живи, но има роднини со кои се среќава, но дека не расправале за политика.

За политика разговарал со татко му Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија по осамостојувањето за кој рече дека бил свесен колку е важно балканските држави, кои се мали, да имаат добри односи.

„Кавгата за Александар Велики, е срам“, вели Владимир Глигоров кој укажа на посебниот идентитет и јазикот на Македонците.

Во 90-те при изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна самостојна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја наметна дилемата дали идниот претседател го исполнува условот – да е државјанн на Македонија.

Оставете коментар