Инцидент на мечот Њујорк Никс-Кливленд Кавалирс кој не донесе ни бокс, ни удар, па ни кој знае какво туркање, ама затоа Турчинот Енес Кандер во улога на адвокат на младиот Франк Нтиликина и кралот Леброн Џејмс во свое име малку се „кошкаа“, а потоа си разменија по некој збор. Ама некој.
Натпреварот инаку му припадна на Кливленд со 104-101 и тоа по негатива од 23 разлика во третата четвртина.

Оставете коментар