Ѕанакопулос сè ни објасни: Ќе го смените името и за внатрешна употреба

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, објасни што во пракса значи промена на името на Македонија ерга омнес.

Во интервју за радиото Солун 94.5 тој, потврдувајќи дека разговорите се интензивни, конкретно ја објасни позицијата од која грчката Влада нема намера да отстапи

„Нашата позиција е едно име, ерга омнес, што ќе се користи за сите, а нашите соседи ќе го користат во внатрешноста, односно ќе постои и промена на уставното име за да можеме да се најдеме во полето за решение“, рече Ѕанакопулос.

Портпаролот на Владата во Атина уште еднаш потенцира дека грчките гаранции дека ќе дојде до решение зависат само од „јасната заложба од страна на нашите соседи дека ќе ги остават зад себе сите иредентистички и ултранационалистички ставови, што во минатото беа искористени од нивна страна и во рамки на преговорите и во рамки на градењето на една национална свест“.

 

Оставете коментар