Ѕанакопулос: Соседната земја да покаже волја, инаку нема да има решение

Портпаролот на грчката Влада порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а „соседната земја“ е таа што треба да покаже волја и расположение за договор. Во спротивно нема да има решение.
„Кажавме кои се предусловите за да се постигне решение. Оттука, доколку нашите соседи имаат расположение и волја да одиме напред, да се насочиме кон едно заемно прифатливо решение, ние сме отворени и го имаме покажано тоа, ако не, нема да има решение, рече Димитрис Ѕанакопулос, одговарајќи на прашање за ставовите на македонскиот премиер во вчерашните интервјуа за „Шпигел“ и „Еуроњуз“.