Ѕанакопулос со спортски жаргон : Топката е на теренот на соседите

Loading...

Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос.

Во изјава за радиото Алфа 989 тој ги коментираше различните позиции на Скопје и Атина, во однос на промената на македонскиот Устав, кои за грчкиот премиер Алексис Ципрас се предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев засега ги отфрла како можност. Ѕанакопулос рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

– Многу добро знаете дека за да биде заемно прифатливо решение, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение – рече Ѕанакопулос.