Јагнешко на традиционален начин

Трпезата за прославата на најголемиот муслимански празник, нема да биде потполна доколку не ги подготвите традиционалните јадења кои што се задолжителни. Секако, најважното меѓу нив е печеното јагнешко месо. Еве го најчестиот рецепт.

За ова јадење ви се потребни следниве состојки:
– Една јагнешка нога (приближно 2 килограми)
– Три чешниња лук, пресечени на половина
– Една супена лажица сол
– Едно кафено лажиче бибер
– Едно кафено лажиче оригано
– Малку лимонов сок
– Две супени лажици омекнат путер
– Една чаша жешка вода.


Времето на подготовка е приближно два часа и дваесеттина минути.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Убаво измијте ја и исушете ја јагнешката нога. Со остар нож направете мали засеци по должината на месото.
Попрскајте го месото со мешавина од сол и бибер. Вметнете ги половинките од лукот во засеците.
Направете смеса од лимоновиот сок, солта, биберот и ореганото и со неа истријте го месото по целата површина.
Месото поставете го врз решетка за печење поставена во тава. На горната страна од месото намачкајте го путерот, а во тавата истурете ја жешката вода.
Печете го месото откриено 25 минути. Потоа превртете го и намалете ја температурата на 175 степени. Печете го уште приближно два часа, повремено додавајќи вода во тавата, по потреба.

SHARE