„Јадат, ама уриваат“ е новото „Крадат, ама градат“

Информацијата дека министерот за економија Крешник Бектеши шест месеци секој ден, со се саботи и недели трошел по речиси 5000 денари за кафеански услуги ја вознемири јавноста.

Бектеши за половина година потрошил 14 илјади евра само за кафани што е апсолутен рекорд во оваа влада.

Втор на листата на трошаџии во кафана е вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со 13 илјади евра, на трето место е министерот за правда во оставка Билен Саљии кој за храна и пиење потрошил 12000 евра државни пари за 6 месеци.

Зад нив се министерот за култура Роберт Алаѓозоски со 9000 евра и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со 7000 евра или по околу 2500 денари секој ден.

Трошењата на новите министри се случуваат откако предходната влада беше остро критикувана за трошење на државни пари за храна и пијалоци по кафеани.

Тогаш приврзаниците на владата велеа “крадат ама градат” а сега симпатизерите на оваа влада можат да ги бранат со синтагмата “јадат ама уриваат”.

1 Коментар

Оставете Коментар