Најдобриот македонски тенисер во последните неколку години Томислав Јотовски в сабота во Добој ќе има две полуфинални средби. 26. годишниот скопјанец во сингл конкуренција на Фјучрс турнирот ќе се сретне со Италијанецот Фабрисио Орнаго, а во мечот во двојки заедно со србинот Милан Радојковиќ ќе се сретне со нашите Горазд Србљак и Стефан Мицов.

Денеска во натпреварите во двојки Јотовски и Радојковиќ ги победија Австралијците Адам и Џејсон Тејлор со 7-5 и 7-6, а дуото Србљак-Мицов беше далеку подобро од српско-словенечката комбинација Паниќ-Бох со 6-1 и 6-1.

SHARE