Јункер лафи, светот се чуди, Македонија се смее

Откако советникот на премиерот за медиуми Марјан Забрчанец се пофали дека шефот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја пофалил владата за преземените реформи не запираат шегите на оваа тема.

Јункер кој е познат по огромен број дипломатски гафови во Скопје денеска изјавил: “Со вашите реформи го зачудивте светот” што е спротивно на сите анализи во земјава и ЕУ.

Пред неколку дена експертите на владата објавија дека Македонија спровела само 42 насто од Агендата 3-6-9 а Македонија сеуште нема видливи резултати ниту за извештајот на групата експерти од ЕУ предводени од Рајнхард Прибе.

“Половина Струмица оди со комбиња – ко кинези у сендвичара – уф влада на работа. Весели некои луѓе ова европјаниве” напиша политичкиот аналитичар и колумнист на Слободен Печат, Ненад Јовановиќ, коментирајќи ја изјавата на Јункер.

Освен во секторот медиуми Македонија е целосно блокирана во делот на реформите на судството, администрацијата, контролата на службите за безбедност и низа други клучни области.