Јункер не бара да му бакнуваат рака, а тој да дели бонбони

Прво суштината, потоа датумите, вели шефот на Европската комисија и порачува дека на оние кои сакаат во ЕУ не им останува ништо друго освен да ги почитуваат барањата на ЕК.

Во интервју за Дојче веле тој повтори дека мора да биде јасно дека ЕУ е заедница на вредности и дека „не доаѓаме тука (Западен Балкан) за да ни бакнуваат рака, а ние да ги честиме со бонбони“.

„Сфаќам дека многу луѓе во регионот, особено младите, се нетрпеливи. Има Албанци, Македонци и Срби кои емигрираат во остатокот од Европа бидејќи веќе не гледаат перспектива дома. Овој одлив на интелектуална сила не е во интерес ниту на овие земји, ниту на ЕУ, изјави Жан Клод Јункер.

Шефот на Европската комисија кој неделава ги посети земјите од Западен Балкан е убеден дека на регионот му е потребна цврста европска перспектива, но дека нема да дозволи да се врши притисок врз него:

Вчера по средбата во Софија со премиерите на земјите од Западен Балкан, Јункер рече дека „во оваа фаза, ниту една од земјите од Западен Балкан не ги исполнува сите услови за влез во Унијата“.

Според претседателот на Европската Комисија, ова ќе се случело доколку до крајот на 2025 година бидат исполнети сите услови.

SHARE