„Нема промена на позицијата на Европската комисија во врска со официјалното, меѓународно признаено име на поранешната Југословенска Република Македонија (ФИРОМ)“, пишува денес атинската агенција АНА-МПА која се повикува на извори на Европската комисија.

Околу наводната употреба на терминот „Македонија“ од страна на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервју за германскиот радиодифузен сервис Дојче Веле, европските извори за АНА-МПА велат дека изјавите на Јункер биле „изгубени во преводот“ и наведуваат дека Јункер ќе продолжи да го користи официјалното име БЈРМ во иднина, како што секогаш го правеше тоа во минатото.

Вчера грчките медими ја пренесоа неговата изјава со забелешка дека шефот на ЕК Македонија ја нарекол „Македонија“.

„Во ‘Македонија’(sic), ПЈРМ, како се нарекува со во бирократската терминологија, сфатив дека Македонците прават значаен напредок кон Европа. Но, јас не им ветував одреден датум за членство. И не соопштив датум за почеток на преговорите, ниту пак на оние кои сé уште не се во преговори “, ја пренесе изјавата на Јункер за Дојче веле грчкиот „Нафтенборики“.