Јункер пак ја нарече Македонија – Македонија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во интервју за Дојче веле Македонија ја нарече „Македонија“ по повод неговата турнеја во Западен Балкан, пишува грчкиот „Нафтенборики“.

„Во ‘Македонија’(sic), ПЈРМ, како се нарекува со во бирократската терминологија, сфатив дека Македонците прават значаен напредок кон Европа. Но, јас не им ветував одреден датум за членство. И не соопштив датум за почеток на преговорите, ниту пак на оние кои сé уште не се во преговори “, ја пренесува изјавата на Јункер за Дојче веле, грчкиот весник.

„Прашањето за мене е суштината на преговорите, а не одредувањето на датумот. Крајните рокови ме интересираат, но не толку колку да ја заборавам суштината на преговорите“, рече тој и истакна дека во БЈРМ ова беше разбрано, но помалку во Албанија.

„Во април ќе ги поднесеме нашите предлози за ова, но со денешните податоци не можам да предвидам какви ќе бидат овие предлози, бидејќи мора да има значителни чекори напред, тие ќе бидат разгледани во април“, рече Јункер.

Сепак, тој предупреди за опасноста дека, ако пропаднат изгледите за пристапување се отстранат, конфликтите од не толку далечното минато ќе продолжат на Балканот.

SHARE