„Јутарњи лист“: Македонија стана држава, а тоа можеби и не го сакаше

Осврнувајќи се на 26. години од исчезнувањето на СФР Југославија, за што како официјален датум се зема 15 јануари 1992 година, кога меѓународната заедница ги призна Словенија и Хрватска како независни и самостојни држави, хрватскиот весник „Јутарњи лист“ во делот за Македонија констатира дека „републиката стана држава, а тоа можеби и не го сакаше“.

„Македонија влегува во редот на оние земји, кои, можеби и не сакајќи, неочекувано добија држава. Југославија се распадна и Македонија доби независност без некоја голема желба. Но, и денес, по 26 години, Македонија се прпелка на маргините на европските случувања. Веќе неколку пати беше на работ на граѓанска војна, а нерешените односи со Албанците и понатаму создаваат нестабилност во таа држава. Уште во 2008 година требаше да стане членка на НАТО, но ја блокираше грција поради името на државата. Сега, се чини, новата Влада на Зоран Заев е пред завршеток на преговорите за тоа, па Македонија конечно би се обидела да ги дофати евроатлантските интеграции. Македонија е официјален кандидат за ЕУ од 2005 година, кога тоа стана и Хрватска, но подалеку од тоа не се помрдна“, пишува „Јутарњи“ во својот подлисток „Глобус“.

Во воведот на текстот авторот констатира дека од заедница на шест републики и две автономни покраини Југославија по распадот изнедрила седум држави, „но економските разлики меѓу нив останаа исти: Словенија и Хрватска и понатаму се најразвиени, Косово најсиромашно, а исклучок е Босна и Херцеговина, која доживеа целосн слом“.

„Југославија ја одработи својата историска улога, спасувајќи го секој од народите што ја создадоа, во одредена временска отсечка, а потоа стана товар што мораше да се исфрли. Внатре во нејзините граници Словенците го зачуваа и го заокружија најголемиот дел од својот етнички простор, Хрватите се спасија од неминовното распарчување меѓу Италија и Србија, Македонците остварија нација и држава – без Југославија веројатно би исчезнале или би се асимилирале со некоја од нациите на своите соседи. Бошњаците исто така се етаблираа како нација, а Црногорците во Втора Југославија успеаја да ја спасат својата државност, која беше целосно згасната по 1918 година, по што до крај ја обновија на урнатините на Југославија. Значи, сите нешто добија, но и изгубија, но сега сите имаат свои држави и нов почеток“, констатира „Јутарњи лист“ во освртот за распадот на СФРЈ.

 

1 Коментар

  1. НАША МАКЕДОНИЈА , СИ ДОБИ ДРЖАВНОСТ на 2 АВГУСТ 1944 г. на АСНОМ во МАКЕДОНСКИОТ манастир СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ , кој ни го ЗЕДОЈА во ВРЕМЕ на СФРЈ и СЕКОЈ ДОКАЗ ЗА ВОЗОБНОВЕНА МАКЕДОНИЈА , ни го УНИШТИЈА . СФРЈ ПОДОЦНА се ОСЛОБОДИ и ФОРМИРА како држава со ПОМОШ на ИЛЈАДНИЦИ МАКЕДОНЦИ , кои ГИНЕА на ПРВА ЛИНИЈА од СРЕМ до ТРСТ . Тито и СФРЈ , ни ја СУСПЕНДИРА ДРЖАВНОСТА од АСНОМ и ни ја ВРАТИЈА МАКЕДОНИЈА , ПОД ДИКТАТ на Белград , како ПРЕД 1941 г . СКЈ и УДБА , ни ЗАТВОРИЈА , УБИЈА СКОРО ЦЕЛА НАША АСНОМСКА МАКЕДОНСКА ВЛАДА , плус ИЛЈАДНИЦИ ДРУГИ СВЕСНИ МАКЕДОНСКИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ , БОРЦИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВДИНИ . Ни НАСЕЛИЈА 150 ИЛЈАДИ КОСОВАРИ , кои со ГОЛЕМ НАТАЛИТЕТ СЕ НАД 200 ИЛЈАДИ , кои пак со ВОЈНА и САБОТАЖИ , НЕ НЕ ДАВАТ МИР годиниве . ВО СФРЈ , КОМУЊАРИТЕ се ОДРОДЕНИЈА , па сега се МАРИОНЕТИ и на ФАШИСТИЧКИ КАПИТАЛИСТИЧКИ ЗАПАД и на СИТЕ БАЛКАНСКИ ФАШИСТИ . АКО си БЕВМЕ со АСНОМ до ДЕНЕС НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА , ќе ИМАВМЕ 200 ИЛЈАДИ АЛБАНЦИ ( КОСОВАРИТЕ ) ПОМАЛКУ , ќе НЕМАВМЕ ВОЈНА во 2001 г . ќе си ИМАВМЕ ПОГОЛЕМА ТЕРИТОРИЈА која во СФРЈ ни ја ГРАБНАА – ПРЕШЕВО , БУЈАНОВЕЦ , ОБЛАСТ ГОРА која во КОСОВО ОСТАНА , МАНАСТИРОТ СВЕТИ ПРОХОР ПЧИНСКИ … Сите овие , во КАРТИ на Србија по НОБ , БИЛЕ ВО НАША МАКЕДОНСКА ТЕРИТОРИЈА – АСНОМСКА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА

Оставете коментар