Љубчо Георгиевски: Бугарија е во право, Заев е прагматичен, Гоце Делчев бил егзархиски учител

Екс премиерот Љубчо Георгиевски преку социјалните мрежи долеа масло на огнот поврзан со договорот за добросеоседство што треба да биде потпишан на 2 август како што најавија премиерите Борисов и Заев во Софија.

Актуелниот претседател на ВМРО-Народна преку својот фејсбук вели дека Заев е прагматичен а дека политиката на ВМРО – ДПМНЕ водена по урнекот на екс комунистичкиот лидер Лазар Колишевски ги предизвикал проблемите со Бугарија.

„Не може да не констатирам дека ако не беше колишевистичката политика на ВМРО-ДПМНЕ немаше ни да има полу-вето од Бугарска страна и воопшто немаше ни да има потреба од таков договор.Така Заев само прагматично ги откочува процесите што претходната влада ги закочи“, пишува Георгиевски.

Ѓеоргиевски смета дека најавата за заедничко прославување на некои историски настани со Бугарија не е спорно.

„Ќе се задражам на Илинденско-Преобрженското востание. Организацијата која го подготвила востанието сè до 1902 се викала Бугарско-Македонско-Одринска револуционерен комитет. Според истиот устав кој го напишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров член на истата можел да биде само припадник на Бугарската егзархија, сите други милети сè до 1902 биле по дефиниција исклучени. Главен јазик на писмената комуникација е бугарскиот литратурен јазик. Сите документи,писма и било каков писмен документ што постои од организацијата е напишан на истиот. Сите високи раководители биле учители на Бугарската егзархија, Делчев, Груев, Петров, Тошев …или бугарски офицери како што е командантот на Илинденското востание Борис Сарафов“, појаснува Георгиевски.

Дека Бугарија има право на заеднчка прослава на Илинденското востание Георгиевски го објаснува со тоа што најголемата финансиска и вооружена помош доаѓала од Бугарија, а сите бази за повлекување и криење биле во Бугарија.

За него не може да се збори дека само Македонија има право на илинденското востание и поради фактот што во договорот за востанието биле опфатени и територии кои што не се во Македонија.

„Во самото име на организациата имаме и технички проблем. Одринско е територија од реката места до Црно Море, во неа живеат и Турци, Помаци и Грци. Но спојот е само со бугарското население од Одринско. Значи и од технички аспект организацијата е партнерска со Бугарите. Гоце Делчев како што бил инспектор во Македонија на воените чети така бил за бугарските чети во Одринско. Конгресот на одринската област од 1902 кога тие пројавиле сепаратистички амбиции лично го претседавал Делчев и ги смирил нивните амбиции. Конечно кога била донесена одлука за кревање на востание, Бугарите од Одринската област во целост ја ипочитуваа наредбата за кревање на востанието во термин кога им беше наредено десетина дена по Илинден на празникот Преображение. Под истата команда“, вели Љубчо Георгиевски во изјавата објавена на својот фејсбук профил која ја пренесува агенцијата Макфакс.

Пред нешто повеќе од еден месец екс премиерот Георгиевски кој во 1999 година во интервју за странски медиуми изјави дека Албанците во Македонија се меѓу 25 и 30 % и дека е објективно да дојде до спојување на сите албански територии во една држава. (читај овде за овие тези на Георгиевски)

SHARE

Comments are closed.