Љубчо Георгиевски: Во Македонија има меѓу 25 и 30 % Албанци

Во интервју за изданието на „Хафингтон пост“ на германски јазик лидерот на ВМРО – Народна Љубчо Георгиевски повторно изнесува низа контроверзни ставови за состојбата во Македонија.
Во интервјуот кое го прави гостин блогер Георгиевски вели дека претседателот Иванов мандатот за нова влада на Заев му го дал под притисок од САД и по заканите дека ќе биде предмет на гонење.
Георгиевски отворено зборува за неговата понуда за размена на територии во 2001 година според која тој им понудил територии околу Тетово, Гостивар, Дебар на Албанија и Косово но за тоа немало официјални разговори, затоа што отпорот во македонските политички круфови бил преголем и тој бил доживуван како предавник.
Екс македонскиот премиер ги негира информациите дека ОНА во 2001 година сакала да го освои и Скопје односно дека тој на таа тема не разговарал со албанските претставници.
Георгиевски се противи на барањето албанскиот јазик да биде втор официјален јазик на цела територија на Македонија затоа што тоа би значело дека земјата е федерација и со тоа ќе се комплицираат работите. Тој вели дека е прифатливо воведување на албанскиот јазик како официјален јазик во некои региони каде што Албанците се мнозинство но не и на целата територија на земјата. Во местата каде што Албанците не се мнозинство тој предлага преведувачи за нивните официјални потреби.
Во Македонија има меѓу 25 и 30 % Албанци
Георгиевски бара Македонците да бидат реални затоа што демграфските трендови покажуваат дека албанската популација расте рапидно. Според него сега во земјата живеат меѓу 25 и 30 % Албанци а за 10 – 20 години Македонија ќе биде муслиманска земја. Тој смета дека во Македонија сега од 180 илјади ученици околу 60 илјади учат во чисти албански училишта а 50 % од македонскта граница е со албански територии , Албанија и Косово и затоа е логично што Албанците сакаат да живеат во заедничка држава.
Во врска со границите Герогиевски вели дека мирот на Балканот е можен само со прецртување на картите на државите на меѓународна конференција. Трите договори врз основа на кои функционира Балканот, дејтонскиот, Кумановскиот и Охридскиот не се доволни за траен мир во регионот.
Според него проблемите би се решиле ако Србија ги припои Република Српска и Северно Косово, ако Албанија се обедини со Косово, западна Македонија и Прешевската долина а делови од Босна да се спојат со Хрватска за што Сараево би добило територијални и финансиски компензации.
Во врска со 2001 година Герогиевски вели дека луѓето што се бореле во Арачиново не биле Албанци туку странски платеници а за обвинувањата дека зад ОНА тогаш стоеле САД тој вели дека кога никој друг не сакал да и помогне на Македонија тој морал да интервенира со тенкови. Подоцна зради тоа не добил виза за САД иако дозволил НАТО да оперира од Македонија за време на косовската криза. Во исто време Георгиевски се жали дека некои косовски политичари кои што извршиле злосторства слободно патуваат во Вашингтон како специјални гости.
Тој верува дека САД сакаат да обезбеди вистински и лојални сојузници во регионот но во исто време вели дека не смее да се замижи пред фактот дека Балканот станува оаза за радикалниот ислам а Европа е вкочанета.

Според Георгиевски македонските граѓани не можат да го разберат однесувањето на САД и ЕУ во последниве 10 години. За нив е нејасно како САД и ЕУ сакаат да го симнат од власт Асад во Сирија а во исто време ја поддржуваат владата во Саудиска Арабија која што поддржува тероризам низ светот. според него постојат многу нејасно геополитички прашања кои што не им се јасни на Македонците, меѓу кои е и катастрофалната одлука за приме на огромен број на бегалци кои што можат да ја промената културата на Македонија.

Лидерот на ВМРО – НП не се плаши од руското влијание во Македонија затоа што земјата не била дел од советскиот блок. Спас од сите опасности според него би бил влезот во НАТО и ЕУ по што на подолг период може да се смета на стабилност и мир. За Георгиевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде пофлексиблен за прашањето за името кое што е прочека за евроатланските интеграции.

SHARE