Љубчо не знае кој му ја формирал партијата, се сомнева на завера

Екс лидерот на ВМРО – ДПМ а сегашен лидер на ВМРО – Народна партија нема информации кои се луѓето што ја формирале неговата сегашна партија.

– Јас учествував во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, но до ден денес не знам кој ја формираше ВМРО-НП, рече Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување на Телма.

Георгиевски кој во периодод од 1998 до 2002 година беше премиер вечерва излезе со конспиративна теорија според која актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ му ја формирало партијата со која тој во неколку изборни циклуси се бореше за централна и локална власт.

-Маса на луѓе ме тераа да станам претседател на ВМРО-НП. Кога ќе направам анализа на тие луѓе, речиси сите од нив потоа се вратија во ДПМНЕ и добија функции. Мислам дека целта беше да ме дислоцираат мене од ДПМНЕ, а за тоа имаа поддршка и од странците, со кои тогаш Груевски сосема добро стоеше, изјави Георгиевски.

SHARE