Американскиот весник „Њујорк тајмс“ во својот денешен број објави подолга анализа преку репортажа од Гевгелија за прашањето за името на Македонија, со акцент на македонската вистина, која ја бранат историчарот Милан Бошкоски и археологот Емил Сламков.

„Милан Бошкоски, професор на Институт за национална историја во Скопје, рече дека за да се разбере спорот најдобро е да се почне со периодот кога Османлиите владееле со оваа територија – околу 500 години, до крајот на 20 век. Истражувајќи книга за историјата на името Македонија, тој рече дека нашол документ од 1902 година, кој ја забранува употребата на терминот Македонец. Во тоа време османлиските владетели се борат со националисти и тие се загрижени дека името ќе им даде на бунтовниците чувство на идентитет.

‘Тоа е приказна што се повторува’, рече тој. ‘Но, и атомска бомба да го уништи ова место, ние сè уште ќе се нарекуваме Македонци’“, пишува „Њујорк тајмс“ во статијата насловена „Што има во името? За Македонија, клучот за мирот и безбедноста“.

Археологот со кој го почнува текстот престижниот дневен лист од „големото јаболко“, пак, е отворен за компромис, но има црвена линија.

„Дури и г-динот Сламков, жестоко горд на своето наследство, е подготвен да се најде понатамошен компромис. До одредена точка. Нему не му е гајле за тоа какво име ќе договорат политичарите за употреба надвор од земјата – сè додека го вклучува зборот Македонија.

Стоејќи покрај урнатините на една од најзначајните ископини во земјата, неколку милји од границата со Грција, каде што неговиот тим пронајде монети со печат од Александар Велики, тој рече дека, како и артефактите во земјата, некои работи се токму тоа што се.

‘Никој’, рече тој, ‘не може да ви каже како да се наречете во вашиот дом’“, стои во делот за кураторот во Национална установа „Музеј Гевгелија“.

 

4 Коментари

  1. Ние немаме потреба да преговараме “за да имаме државното име које ќе се разликува од провинција” или „регионот во Грција”. Името на држава е правен идентитет на еден меѓународно-правен субјект, а Македонија е име на грчката провинција и ова не е меѓународно-парвен субјект. Се работи значи за две тазлични КАТЕГОРИЈИ имиња! Имено регионот Македонија или провинција со назив Македонија не е исто име како Република Македонија. Република Македонија е правен идентитет на меѓународно-правно лице, а региони и провнции немаат тие правни белези и никој неможе да се повикува на фактот дека меѓународното лице које носи идентитет Република Македонија има каква било правна релација со град, регион, провиннција или покрајна во која било друга држава или дека некое локално право се доведува во прашање.
    Името на провинција, па и на некоја федерална единица во некоја друга држава нема правно релевантна релација со било које државно име и неможе да се застапува тврдење дека се работи за исти имиња. Исто така и во врска со територијата: 1) Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт; 2) Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници; и конечно треба да се повтори 3) Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.)

  2. Со рушење споменик на Александар Велики сами докажуваме дека сме ВИНОВНИ пред целиот свет за крадење или фалсификување историја!
    Со преговарањето за името се признава ВИНА! Компромис или Договор за името значи признавање на вина, односно дека си виновен за се што Грците конструираат цело време! Демек крадеме и фалсификуваме ГРЧКО име и наводно Грчката историја, посебно ГРЧКИОТ идентитет и имаме територијални претнезији. Признаваме дека сме иредентисти! Затоа не смее да се скучи било каков договор со Грција. Ќе бидеме ВИНОВНИ за се! Со рушење споменик на Александар Велики исто така докажуваме дека сме ВИНОВНИ (за крадење историја!)!

  3. Не смееме да дозволиме да се утврди фалсификуваната грчка историја! Ние-народорт треба да правиме поголем притисок врз сегашната предавничка власт! За жал, голем дел од народот не си ја знае својата историја и не е свесен дека ние, Македонците сме најстара нација во европа. Македонската држава била и пред Римското царство. Народот треба да се свести дека на никој не му е мило, што е тоа така и затоа сака да не уништи. Во швајцарскиот институт Игениеа се наоѓаат сите докази околу нашите гени.
    Народот треба да прави бариери и да не дозволи оваа нелегитимна влада, односно нелегитимно избраните парламентарни претеници и спикер да влезат во собранието. А пратениците од ВМРО ДПМНЕ да се придружат кон народот и да не дозволуваат одржување на парламентарни седници. Впрочрм, тие се и виновни што дозволија нелегитимно одржување на седница и прогласување на собранието.
    Нашето име е Република Македонија! Ние не можеме и не смееме да бидеме ништо друго сем Македонци!

Comments are closed.