Ќе ги разочара ли Ѓоковиќ, Србите?

На денешниот тренинг пред првиот настап на Мастерс турнирот во Рим на еден од помошните терени Новак Ѓоковиќ тренираше со Горан Иванишевиќ. Прославениот хрватски тениски ас и освојувач на Гренд Слем во Вимблдон не беше во комбинација за тренер на Ѓоковиќ, но сега, се повеќе извори говорат дека токму тој, а не Андре Агаси ќе го води српскиот тенисер.

На овие вести во Србија реагираат бурно и голем број на коментари се насочени кон лошите односи на двете балкански земји кои меѓу другото минаа и низ војна. За сега Ѓоковиќ ниту потврдува, ниту негира.

SHARE