Ќе зборуваме со Грците и ќе ги натераме да пораснат, вети конгресменот Мичел! (ВИДЕО)

Loading...

Конгресменот од Мичиген, Пол Мичел, предизвика одушевување кај присутните на мирниот собир за одбрана на уставното име на Република Македонија во Стeрлинг Хајтс, Детроит, во организација на Македонско-американска студентска асоцијација (МАСА), па неговиот говор во повеќе наврати беше прекинуван со овации и аплаузи.

„Оваа земја е создадена токму врз основа на самоопределување. Никој не мораше да ни каже кое кое ќе ни биде името. Не моравме да го смениме нашето име за да ги направиме луѓето среќни. Не би требало да биде толку незгодно.

Се приклучив на групата (пријатели на Македонија во Конгресот на САД – н.з.) бидејќи верувам дека секоја нација има право да си го одреди името и другите нации не треба да го попречуваат тоа.

Во десеттиот конгресен дистрикт во Мичиген живее најголемата македонска популација во САД. Токму тука, во мојот дистрикт. Вашата поддршка за мене да ве претставувам во Конгресот значи поддршка за правото на нации како Македонија да станат членки на НАТО, без да им се кажува какво треба да им биде името.

Ви благодарам што дојдовте денеска и верувајте ми дека не ѝ се приклучив на групата бидејќи ми звучеше убаво, ѝ се приклучив бидејќи почувствува дека треба да биде заштитено вашето право, правото на Македонија на светската сцена. Македонија е извонреден партнер на САД, долги години сме блиски. Ќе зборуваме со Грците и ќе ги натераме да пораснат“, рече членот на Републиканската партија и поддржувач на претседателската кандидатура на Доналд Трамп во својот говор во исполнетата сала со Македонци од САД.