Ќе „паѓа“ оградата што ја штити владата

Новиот премиер Зоран Заев веднаш по преземањето на функцијата од досегашниот премиер Емил Димитриев дал наредба да се отворат портите на зградата на владата кои беа поставени по насилните протести на опозицијата во мај лани но и по неколкуте закани и напади врз Илинденска.

Пред три години непознати сторители испукале граната од рачен фрлач кој што заврши во дворот на владината зграда.

Заев верува во отвореноста на Владата и затоа дал налог обезбедувањето да ги отвори портите за секој граѓанин, новинар или претставник на невладините да може да има слободен пристап до него и до другите јавни функционери.

 

SHARE