Ќе се отфрлат амандманите за Законот за јазици ?!

Loading...

„Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија. Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно, по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија.  Хаосот кој го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети на демократијата, но непочитувањето на деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној кој ќе ги прекрши“, стои во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија апелира да се почитува Деловникот на Собранието и бара да биде повлечен Законот за јазиците за кој смета дека е неуставен и неприменлив.

Има сознанија дека спикерот Талат Џефери вчера на координација најавил дека ќе се одбијат 36.000 амандмани на опозицијата бидејќи тие се однесуваат на уставноста на законот и дека Парлементот нема надлежност да ја оценува оценува уставноста на законите.